Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
12.03.2014
Можност за поднесување на Годишна даночна пријава до понеделник / 17 март

Рокот за поднесување на Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП) и на Годишниот даночниот биланс за персонален данок на доход (ПДД-ДБ) е 15 март, а бидејќи последниот рок паѓа во сабота (неработен ден), потсетуваме дека согласно законот даночните обврзници своите пријави ќе можат да ги поднесат и на 17 март 2014 година (понеделник), како прв работен ден.

Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП)

Според последните податоци, до УЈП се поднесени 108.763 Годишни даночни пријави од граѓаните, од кои 760 се доставени по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk

Годишната даночна пријава (образец "ПДД-ГДП") е бесплатна и можете да ја преземете преку веб страницата на УЈП (кликни тука) или да ја побарате во даночните канцеларии на УЈП.
Годишната даночна пријава, пополнета во 2 (два) примерока и поднесете ја во надлежната даночната канцеларија на УЈП, според вашето место на живеење или преку е-даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk доколку сте регистриран корисник.
Граѓанинот кој е од друг град, но работи, живее, студира..., односно е со привремен престој во Скопје, како и сите други граѓани својата даночната пријава може да ја поднесат и во Контакт центарот Скопје (ГТЦ 2-ри кат, над Кино Милениум), кој работи секој ден од 9 до 20 часот, освен недела.
Исто така, имате можност пријавата да ја поднесете по пошта (во 1 примерок) на адресата на надлежната Регионална дирекција на УЈП. За да видите каде се лоцирани нашите даночни канцеларии низ Републиката, односно кои се адресните податоци на Регионалните дирекции на УЈП, кликни тука.
За повеќе информации преземете ја брошурата „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ или контактирајте не преку Инфо центарот 0800 33 000.
Начинот на пополнување на пријавата е практично објаснето во интерактивното упатство (видео), кое можете да го преземете од веб страницата на УЈП (кликни тука).


Годишен даночен биланс за персонален данок на доход (ПДД-ДБ)

Трговците поединци и самостојните вршители на дејност должни се разликата утврдена во Годишниот даночен биланс помеѓу пресметаниот данок на доход и уплатените аконтации во текот на годината, да ја уплатат во рок од 30 дена од денот на истекот на рокот за предавање на Годишниот даночен биланс (ПДД-ДБ), односно плаќањето на разликата на данокот да го извршат до 16-ти април 2014 година.

Разликата се плаќа на уплатна сметка данок на доход на приходи од самостојна дејност, освен од занаетчиска дејност и данок на доход од физички лица кои се занимаваат со занаетчиска дејност.
Уплатните сметки може да ги видите на http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/uplatni_smetki

Доколку во текот на годината имате платено поголем износ на данок во вид на аконтации, може да поднесете барање за враќање на повеќе платениот износ на образец “Б/ПД“ http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/122

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија