Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
06.02.2014
Насоки за поднесување на МПИН пресметка за извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво и управител во трговско друштво

Од јануари 2014 година, извршните членови на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво и управител во трговско друштво имаат обврска да поднесуваат МПИН пресметка до УЈП, доколку не се осигурени по друг основ, односно не се во работен однос, не се корисници на пензија и надоместок на плата според прописите на пензиското и инвалидското осигурување, не се осигурани за здравствено осигурување преку член на семејството и не се осигурени по други основи предвидени со Законот за здравствено осигурување и/или Законот за пензиско и инвалидско осигурување * Закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на РМ“, бр.91/13 од 28.06.2013 година).
Напомена: Обврската за поднесување на МПИН не се однесува за странски физички лица кои се резиденти на земји со кои РМ има склучено меѓународни договори за социјално осигурување и за странски физички лица кои се социјално осигурани во матичните земји, а влегуваат во горенаведените катерогии (види и Листа на склучени договори и конвенции за социјално осигурување помеѓу РМ и други земји).

1) Стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите се следните:

  • Задолжително пензиско и инвалидско осигурување (18%); и
  • Задолжително здравствено осигурување (7,3%)

2) Основица за пресметување и плаќање на придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и придонесот за задолжително здравствено осигурување претставува месечниот надоместок утврден во Договорот за уредување на односите меѓу друштвото и извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво и управител во трговско друштво.

Доколку имате повеќе Договори за уредување на односите, односно извршувате некоја од наведените функции во повеќе трговски друштва, основица за пресметка на придонесите е вкупниот износ на месечните надоместоци утврдени во секој поединечен договор.

  • Најниската основица за пресметка на придонесите изнесува 50% од просечна плата по работник во Република Македонија објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.
  • Највисока основица за пресметка на придонесите е износот од шест (6) просечни плати (просечна плата по работник во Република Македонија објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика).

3) За начини и рокови за поднесување на МПИН пресметката и плаќање на придонесите, види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/645

МПИН пресметката се поднесува до УЈП на месечно ниво во законските рокови, без оглед дали во соодветниот месец на обврзникот му е исплатен договорениот месечен надоместок.


Претходни обврски на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор или управител

1) Договорот за уредување на односите меѓу друштвото и извршен член на одбор на директори во трговско друштво / член на управен одбор во трговско друштво / управител во трговско друштво доставете го до Централниот регистар на РМ.

2) Пријавете се во осигурување во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ФПИОМ). Кон барањето за прием во осигурување, доставете: а) копија од Договорот за уредување на односите меѓу друштвото и извршен член на одбор на директори во трговско друштво/член на управен одбор во трговско друштво/управител во трговско друштво; б) пополнета М1-пријава за прием во осигурување; в) Пријава М11-пријава за евидентирање на податоците како обврзник за плаќање на придонесот.

3) Пријавете се во осигурување во Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Лицето кое ја извршува функцијата извршен член на одбор на директори во трговско друштво/член на управен одбор во трговско друштво/управител во трговско друштво, потребно е до Подрачната служба на ФЗОМ независно од местото на живеење, односно работа, да ја поднесе следнава документација: а) Пријава за задолжително здравствено осигурување (ЗО-1); б) Здравствена легитимација; в) Копија од Договорот за уредување на односите меѓу друштвото и извршен член на одбор на директори во трговско друштво/член на управен одбор во трговско друштво/управител во трговско друштво.

4) Доставете Барање за издавање на код за идентификација до Управата за јавни приходи. Еден од предусловите за поднесување на пресметка на МПИН е обврзникот да поседува и да има инсталирано валиден Код за идентификација. За да ви биде издаден Кодот потребно е да поднесете „Барање за издавање на код за идентификација“ (образец БКИ-ИН) до надлежната Регионална дирекција на УЈП (преземи Барање). Врз основа на барањето, во истиот момент на поднесување ќе Ви биде доделен нов код за идентификација.
За интерактивно упатство за инсталација на код за идентификација (кликни тука).


Начин на пресметка на придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и/или придонесот за задолжително здравствено осигурување

Дел 1 – Месец за кој се пресметуваат и плаќаат придонесите и персоналниот данок
Поле 1.1 Се внесува месецот за кој пресметувате придонес
Поле 1.2 Се внесува годината за која пресметувате придонес
Поле 1.3 Внесувате шифра 720 – придонес за ПИО
Поле 1.4 Внесувате шифра 170 – извршен член на одбор на директори, член на управен одбор или управител
Месечна просечна плата Системски се генерира параметар за просечна плата / не внесувате
Поле 1.5 Системски генерирана вредност/ не внесувате
Дел 2 – Идентификација на обврзникот за пресметување и уплата на придонесите и персоналниот данок
Поле 2.1 Го внесувате Вашиот ЕМБГ
Поле 2.16 Внесувате седум нули (0000000)
Поле 2.2 Внесувате име и презиме
Во останатите полиња
2.3, 2.4, 2.5, 2.12, 2.13, 2.6, 2.7, 2.8, 2.9, 2.10, 2.11, 2.14
Ги внесувате Вашите податоци за телефонски број, факс, контакт лице, адреса, населено место, град, е-маил, односно ги пополнувате сите полиња.
Дел 3 – Идентификација на обврзникот за плаќање на придонеси и персонален данок
Поле 3.0 Пополнувате реден број
Поле 3.1 ЕМБГ
Поле 3.2 Го внесувате Вашето презиме
Поле 3.3 Го внесувате Вашето име
Поле 3.4 Внесувате три нули (000)
Поле 3.4б Број на деловна единица за издавање на сини картони (во копчето помош од образецот МПИН имате листа на валидни шифри на деловни единици)
Поле 3.4ц Внесувате ознака на општината каде имате живеалиште/престојувалиште
Поле 3.5 Внесувате број на календарски денови во месецот
Поле 3.6 Пополнувате број на работни часови
Поле 3.7 Го внесувате износот на месечниот надоместок од Договорот
Поле 3.14 Го внесувате износот на месечниот надоместок од Договорот
Поле 3.15 Пресметувате придонес за ПИО по стапка од 18%
Поле 3.16 Доколку месечниот надоместок е под најниската основица пресметувате доплата на придонес до најниска основица
Поле 3.17 Внесувате 0050
Поле 3.27 Доколку во месецот сте започнале со извршување на функцијата го пополнувате денот на почеток (за почеток на 15.01.2014 во пресметката за месец јануари 2014 внесувате вредност 15)
Поле 3.28 Доколку во месецот имате престанок на извршувањето на функцијата го пополнувате денот на престанок (за престанок на 18.01.2014 во пресметката за месец јануари 2014 внесувате вредност 18)
Поле 3.29 Внесувате шифра на промена (1 за почеток во месецот, 2 за престанок во месецот)
Поле 3.30 Внесувате број на договор во месецот
Поле 3.13 Го внесувате износот на месечниот надоместок од Договорот
* Полињата 3.27, 3.28 и 3.29 ги пополнувате единствено доколку има промена во месецот. Останатите полиња од клиентскиот софтвер НЕ СЕ ПОПОЛНУВААТ.

  • За пресметување и плаќање на придонесот за задолжително здравствено осигурување, пополнете ја пресметката МПИН на следниот начин:

Дел 1 – Месец за кој се пресметуваат и плаќаат придонесите и персоналниот данок
Поле 1.1 Се внесува месецот за кој пресметувате придонес
Поле 1.2 Се внесува годината за која пресметувате придонес
Поле 1.3 Внесувате шифра 721– придонес за здравствено осигурување
Поле 1.4 Внесувате шифра 170 – извршен член на одбор на директори, член на управен одбор или управител
Месечна просечна плата Системски се генерира параметар за просечна плата / не внесувате
Поле 1.5 Системски генерирана вредност/ не внесувате
Дел 2 – Идентификација на обврзникот за пресметување и уплата на придонесите и персоналниот данок - податоците во Дел 2 се пополнуваат на идентичен начин како и за пресметката (образец МПИН) за придонес за пензиско и инвалидско осигурување.
Дел 3 – Идентификација на обврзникот за плаќање на придонеси и персонален данок
Поле 3.0 Пополнувате реден број
Поле 3.1 ЕМБГ
Поле 3.2 Го внесувате Вашето презиме
Поле 3.3 Го внесувате Вашето име
Поле 3.4 Внесувате три нули (000)
Поле 3.4б Број на деловна единица за издавање на сини картони (во копчето помош од образецот МПИН имате листа на валидни шифри на деловни единици)
Поле 3.4ц Внесувате ознака на општината каде имате живеалиште/престојувалиште
Поле 3.5 Внесувате број на календарски денови во месецот
Поле 3.6 Пополнувате број на работни часови
Поле 3.7 Го внесувате износот на месечниот надоместок од Договорот
Поле 3.14 Го внесувате износот на месечниот надоместок од Договорот
Поле 3.40 Пресметувате придонес за здравствено осигурување по стапка од 7,3%
Поле 3.41 Доколку месечниот надоместок е под најниската основица пресметувате доплата на придонес до најниска основица
Поле 3.17 Внесувате 0050
Поле 3.27 Доколку во месецот сте започнале со извршување на функцијата го пополнувате денот на почеток (за почеток на 15.01.2014 во пресметката за месец јануари 2014 внесувате вредност 15)
Поле 3.28 Доколку во месецот имате престанок на извршувањето на функцијата го пополнувате денот на престанок (за престанок на 18.01.2014 во пресметката за месец јануари 2014 внесувате вредност 18)
Поле 3.29 Внесувате шифра на промена (1 за почеток во месецот, 2 за престанок во месецот)
Поле 3.30 Внесувате број на договор во месецот
Поле 3.13 Го внесувате износот на месечниот надоместок од Договорот
* Полињата 3.27, 3.28 и 3.29 ги пополнувате единствено доколку има промена во месецот. Останатите полиња од клиентскиот софтвер НЕ СЕ ПОПОЛНУВААТ.

  • Обврзниците за плаќање, односно обврзниците за пресметка и уплата само на придонес за пензиско и инвалидско осигурување имаат обврска за поднесување на пресметка со комбинација на вид на обврзник/обврска 170/720 за придонесот за пензиско и инвалидско осигурување.
  • Обврзниците за плаќање, односно обврзниците за пресметка и уплата само на придонес за задолжително здравствено осигурување имаат обврска за поднесување на пресметка МПИН со комбинација на вид на обврзник/обврска 170/721 за придонесот за задолжително здравствено осигурување.
  • Обврзниците за плаќање, односно обврзниците за пресметка и уплата и на придонес за пензиско и инвалидско осигурување и на придонес за задолжително здравствено осигурување, имаат обврска за поднесување на ДВЕ пресметки МПИН на месечно ниво и тоа:
    - со комбинација на вид на обврзник/обврска 170/720 за придонесот за пензиско и инвалидско осигурување; и
    - со комбинација на вид на обврзник/обврска 170/721 за придонесот за здравствено осигурување.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија