Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
12.11.2013
Промовирана „Информатичко форензичката лабораторија“ на УЈП


Глобализацијата на светската економија и брзиот развој на техниката и технологијата револуционерно ги менува начините и формите на финансискиот криминал. Дел од финансискиот криминал се и даночните затајувања и измами, поради што е потребно да се применат соодветни методи, техники и опрема за нивно спречување и откривање, како и ангажирање на специјално обучени експерти во областа на финансиите. Токму затоа, го имплементиравме проектот „Форензичка лабораторија“, која претставува значајна алатка за поефикасна превенција, откривање и санкционирање на даночните затајувања и измами.

Информатичко форензичката лабораторија на Управата за јавни приходи е изградена по најсовремени стандарди, која функционира во рамките на Генерален даночен инспекторат - Инспекторат за специјални контроли.

 

Во лабораторијата ќе се врши испитување на информатичките системи и опрема кај даночните обврзници и утврдување дали постоеле постапки за финансиски малверзации и даночни затајувања. Со спроведување на форензичките процедури, специјално обучените даночни инспектори ќе вршат увид на дигиталните податоци во електронските деловни книги и другите евиденции кај даночниот обврзник, дали истите биле бришени или уништувани, реконструкција на изменетите и избришани податоци кои ќе се користат во водењето на постапките против сторителите.

Лабораторијата располага со софистицирана информатичка-техничка опрема и системи за форензичко прибирање на докази и анализа на податоци од компјутерска опрема, мобилни уреди и други медиуми за меморирање на дигитални податоци...

За повеќе информации преземете го прес пакетот во прилог.

Pdf_16   Прес пакет  (663 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија