Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
06.09.2013
На стартот на училишната година – Казнети трговцитe без “фискални“

Зголемената потрошувачка на стартот на училишната година, одредени трговци на мало се обидуваат да ја искористат за безправно да профитираат на сметка на неплаќање на даноци и лојалната конкуренција.

Во дводневната акција на УЈП, изречени се казни за 33 објекти (книжарници, трговија со детска облека и обувки и др.) каде наместо зголемен промет вообичаен за овој период на годината, поради подготовката на најмладите за првите училишни часови, овие трговци прикажувале помала потрошувачка на нивните производи со нерегистрирање на готовинските плаќања и неиздавање на фискални сметки.

Во зависност од прекршокот, сите објекти каде се утврдени нерегуларности во даночното работење (Скопје, Тетово, Штип, Прилеп, Велес, Струга, Охрид и Кавадарци) изречени се глоби кои се движат до 3250 евра, како и затворање на деловните простории од 15 дена или од 30 дена.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија