Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
26.06.2013
Фирмите во наредните пет дена да се прилагодат на е-Даноци

4.244 тримесечни ДДВ обврзници во наредните пет дена треба да се прилагодат за електронското пријавување на ДДВ и данок на добивка преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk, обврска која стартува на 1 Јули 2013 година.
Овие фирми, првите електронски пријави треба да ги достават најдоцна до 25-ти Јули, кога е законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата, врз основа на која се пријавува и плаќа данокот на додадена вредност.

Со новините во даночното работење, досегашниот начин на поднесување на хартиените даночни пријави на шалтерите на УЈП, се заменува со нов електронски начин на комуникација со УЈП кој овозможува 24 часовно поднесување на пријави, 7 дена во неделата.

Доколку фирмите не се прилагодат на системот е-Даноци, истите нема да можат навреме да ја поднесат електронската ДДВ-пријава во УЈП, за што е предвидена глоба која достигнува до 3500 евра во денарска противвредност.

Правните лица и вршители на дејност кои се корисници на стариот систем на е-Даноци, задолжително да мигрираат на новиот систем на електронски услуги https://etax-fl.ujp.gov.mk до 1 Јули, кога стариот систем ќе биде ставен надвор од функција и недостапен за користење на даночните обврзници.

Според последната статистика на УЈП, 11.297 правни лица и вршители на дејност треба до 1 јули да мигрираат на новиот систем е-Даноци, во спротивно нема да можат повеќе да ги користат е-даночните услуги.

За повеќе информации посетете го веб сервисот https://etax-fl.ujp.gov.mk или контактирајте не преку Инфо центарот 0800 33 000.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија