Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
03.06.2013
Во месец јуни - 6285 фирми треба да се прилагодат за електронско пријавување на даноци

Тримесечните ДДВ обврзници имаат уште еден месец да се регистрираат на е-Даноци, односно од 1 јули имаат законска обврска, наместо во хартиена форма, ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk

Потсетуваме дека за успешна регистрација и користење на интернет сервисот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk, фирмите треба да поседуваат:
1. Дигитален сертификат на USB токен (издаден од некоја од овластените куќи: Македонски Телеком или КИБС);
2. Интернет конекција;
3. е-Пошта (валидна и иста со онаа која се води во Централниот регистар на РМ).

Апелираме даночните обврзници навреме да ги преземат неопходните чекори и да се прилагодат на новините во даночното работење, бидејќи во спротивно нема да бидат во состојба да поднесат даночни пријави и да пријават данок во УЈП, за што е предвидена глоба која достигнува до 3500 евра во денарска противвредност.

За повеќе информации и аплицирање на бесплатните обуки за е-Даноци, види Распоред на обуки за е-Даноци или контактирајте не преку Инфо центарот на УЈП на 0800 33 000.

 

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија