Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
17.05.2013
Запленет имот и затворање на обложувалници во Тетово

Врз основа на претходни пријави за нелегално приредување на игри на среќа и малверзации кај познати обложувалници во Тетово, во попладневните часови Управата за јавни приходи отпочна засилени контроли на нивното работење. Контролите се водат со асистенција на МВР.

Според последните податоци од терен, заради нелиценцирано приредување на игри на среќа затворена е “дива“ обложувалница, од која е одземен целокупниот инвентар и опрема.

Поради финанскиски малверзации, нерегистрирање на прометот во готово и приредување на недозволени игри на среќа, 5 обложувалници се соочуваат со времена мерка затворање и парична глоба која се движи до 6000 евра, во зависност од прекршокот.

Активностите на УЈП и МВР во Тетово продолжуваат.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија