Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
22.04.2013
Даночна академија - Размена на искуства за „стратешко планирање“ со Кралството Холандија

Скопје - Во рамки на Меморандумот за билатерална соработка, потпишан помеѓу Министерството за финансии на РМ и Министерството за финансии на Кралството Холандија, во просториите на Контакт центарот на УЈП, во периодот од 16 до 18 април 2013 година, се одржа експертска мисија на тема „Стратешко планирање“, на која предавачи беа експерти од даночната администрација на Кралството Холандија.
На тридневната експертска мисија, 12 вработени од функциите „стратешко планирање, анализа и статистика“ и „финансиски прашања“ разменија искуства за стратешкото планирање во двете даночни администрации, како и во делот на развивањето на стратешки принципи и мерки на учиноци користејќи ги алатките „Balanced Scorecard“ и „SWOT“ анализата, за кои беа спроведени и неколку вежби на самата експертска мисија.
По завршување на мисијата, двете страни изразија задоволство од можноста преку Меморандумот за соработка да разменат искуства и дискусии во оваа област.

е-пошта: danochnaakademija@ujp.gov.mk
ОБУКА ЗА УСПЕХ!

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија