Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
18.04.2013
Од 1 јули 2013 година - Задолжително користење на е-Даноци за тримесечните ДДВ обврзници

Почнувајќи од 1 јули 2013 година, тримесечните ДДВ обврзници имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци (согласно Закон за даночна постапка „Службен весник на РМ“, бр.84 од 04.07.2012 година).

Заради навремено усогласување со законските обврски и новините во даночното работење, им препорачуваме на обврзниците и сметководствените бироа да не го чекаат последниот рок и да преземат чекори за регистрација на системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/

Што е потребно за регистрација и користење на е-Даноци?

  1. Дигитален сертификат на USB токен (издаден од овластена куќа) - Доколку веќе поседувате токен за користење на електронските услуги на други институции и банки во Македонија, истиот можете да го користите и за е-Даноци, но само доколку е издаден од овластена куќа. Дигиталниот сертификат на USB токен е неопходен при регистрација и електронско потпишување на формуларите кои ги поднесувате преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/
  2. Интернет - За пристап и непречено работење со e-Даноци, потребнa е минимална интернет конекција со брзина 64 kbps и некој од следните пребарувачи: Internet Explorer 8, Mozilla Firefox или Google Chrome.
  3. е-Пошта - Електронската пошта со која обврзникот се регистрира на е-Даноци треба да е валидна и иста со онаа која се води во Централниот регистар на РМ.

Постапката за регистрација е едноставна и се врши електронски

Постапката на регистрација се врши преку веб страницата https://etax-fl.ujp.gov.mk/, единствено што треба да направите е да кликнете на копчето “Регистрирај се“ и системот ве води чекор по чекор, како и кои податоци да ги пополните.

Напомена: Тримесечните ДДВ обврзници кои се веќе регистрирани на стариот систем на е-Даноци задолжително треба да извршат миграција кон новиот систем на https://etax-fl.ujp.gov.mk/. Постапката на миграција кон новиот систем на е-Даноци се врши преку веб страницата https://etax-fl.ujp.gov.mk/, со кликнување на копчето “Мигрирај“.

Информирајте се навреме!

За повеќе информации можете да ги преземете корисничките упатства кои се достапни на веб страницата https://etax-fl.ujp.gov.mk/, да не контактирате преку Инфо центарот на 0800 33 000 или да ги посетите обуките на УЈП (види распоред на обуки).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија