Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
02.07.2008
Доделено признанието "Златна картица за поврат на ДДВ во 2008 година"

Управата за јавни приходи, за прв пат, во 2008 година додели "Златна картица за поврат на ДДВ" на 37 компании, кои изминатата 2007 година ги исполнија утврдените критериуми за доделување на ова признание.

Критериумите кои компаниите ги исполнија и се неопходни за добивање на Златна картица се следните:

1. Да се регистрирани како месечни обврзници за целите на ДДВ;
2. Во текот на 2007 година да поднеле најмалку една ДДВ пријава со искажано барање за враќање;
3. Да добиле најмалку до 15 бодови согласно критериумите за доделување на златна картица за ДДВ:

  • степен на користење на е-даночните услуги;
  • редовност во поднесувањето на даночните пријави;
  • степен на поднесување на исправки на даночни пријави;
  • резултати од надворешнаонтрола.

Стратешката определба на Управата за јавни приходи е да гради партнерски однос со даночнте обврзници кои навремено и доследно ги исполнуваат даночните обврски. Признанието "Златна картица за поврат на ДДВ" не претставува привилегија, туку истото ја одразува нашата заложба за повисоки стандарди во остварувањето на правата на даночните обврзници, во извршувањето на даночните обврски и работењето на даночната администрација. 

 

КОМПАНИИ ДОБИТНИЦИ НА ПРИЗНАНИЕТО „ЗЛАТНА КАРТИЦА ЗА ПОВРАТ НА ДДВ ВО 2008 ГОДИНА„

  1. СОКОМАК БИТОЛА АД БИТОЛА
  2. ПЕЛАГОНИЈА ЗЕМЈОДЕЛСКИ КОМБИНАТ АД БИТОЛА
  3. МЛЕКАРА АД БИТОЛА
  4. ФАБРИКА ЗА ШЕЌЕР 4ТИ НОЕМВРИ АД БИТОЛА
  5. ИМПЕРИЈАЛТАБАКО АД ВАЛАНДОВО
  6. БЛАГОЈ ЃОРЕВ АД ВЕЛЕС
  7. КНАУФРАДИКА АД ДЕБАР
  8. ФЕНИ ИНДУСТРИ АД КАВАДАРЦИ
  9. ИГМТРЕЈД ДОО КАВАДАРЦИ
  10. ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД КУМАНОВО
  11. ФКН АД НЕГОТИНО
  12. ФХЛ МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД ПРИЛЕП
  13. ВИТАМИНКА АД ПРИЛЕП
  14. ЈАКА ТАБАК АД РАДОВИШ
  15. ЈАКА80 АД РАДОВИШ
  16. МИК СВЕТИ НИКОЛЕ
  17. ТЕТЕКС АД ТЕТОВО
  18. БРИЛИЈАНТ ДООЕЛ ШТИП
  19. РУДИНЕММ ДОО СКОПЈЕ
  20. ГЕРМАНОС ТЕЛЕКОМ АД СКОПЈЕ
  21. ГЛОБАЛ ПЛУС ДОО СКОПЈЕ
  22. ЕУРО ТАБАК ДОО СКОПЈЕ
  23. АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
  24. ЕВРОПА АД СКОПЈЕ
  25. ЖИТО ЛУКС АД СКОПЈЕ
  26. ОКТА АД СКОПЈЕ
  27. ПЕКАБЕСКО АД СКОПЈЕ
  28. ЕНЕРГОМАРКЕТ ДОО СКОПЈЕ
  29. ЛЕК СКОПЈЕ ЛЕК Д.Д. ЉУБЉАНА ДООЕЛ СКОПЈЕ
  30. МАКЕДОНИЈА ЈП ЗА АЕРОДРОМСКИ УСЛУГИ СКОПЈЕ
  31. МАКЕДОНСКИ АВИОТРАНСПОРТ АД СКОПЈЕ
  32. ГРАНИТ АД СКОПЈЕ
  33. ЕУРОМИЛК ДОО СКОПЈЕ
  34. МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ
  35. СИЛМАК ДООЕЛ С. ЈЕГУНОВЦЕ
  36. АРЦЕЛОРМИТТАЛ СКОПЈЕ (ЦРМ) АД СКОПЈЕ
  37. ПРЕХРАМБЕНА ИНДУСТРИЈА СВИССЛИОН ДОО СКОПЈЕ
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија