Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
01.02.2013
Казината, автомат клубовите и обложувалниците да воведат Надзорен информативен систем (НИС)

Република Македонија е единствена држава од Југоисточна Европа и една од малкуте држави во светот која имплементира Надзорен информативен систем (НИС) за следење на прометот кај приредувачите на посебните игри на среќа.

Правен основ

Со измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на РМ“, бр.74/12), приредувачите на посебни игри на среќа: казина (за автоматите), автомат клубови и обложувалници, имаат обврска од 1 јануари 2013 година да обезбедат Надзорен информациски систем (НИС) кој ќе биде поврзан со Управата за јавни приходи.
Оваа обврска поблиску е опишана во Правилникот за начинот на работа и користење, просторните, техничко-технолошките и другите карактеристики на надзорниот информациски систем, обемот и начинот на неговото следење и начинот на неговото поврзување и размена на податоците со информацискиот систем на УЈП („Службен весник на РМ“, бр.157/12).

Што претставува НИС?

Станува збор за ИТ решение кое централно ги регистрира уплатите и исплатите од игрите на среќа во сите деловни единици на приредувачот и кое е он-лине поврзано со информацискиот систем на УЈП.
Преку НИС, кој треба да биде во функција и достапен за следење 24 / 7, Управата за јавни приходи во секое време треба да располага со точни и вистинити податоци за остварениот промет (уплати и исплати) од игрите на среќа во сите деловни единици кај приредувачот.
Воведувањето на НИС ќе овозможи реално оданочување на добивките кај казината (за автоматите), автомат клубовите и обложувалниците преку воведувањето на посебна давачка од 20% на разликата на вкупно примените уплати и вкупно исплатените добивки од игрите на среќа, наместо досегашните месечни паушали и надоместоци во фиксен износ кои ги плаќаа овие приредувачи.

Приредувачите на посебни игри на среќа да се усогласат со новите законски измени

Управата за јавни приходи до сите приредувачи во месец Декември 2012 година достави Протокол за размена на податоци и Упатство за поврзување и размена на податоци, со детално објаснување за потребната документација за поврзување, начинот на поврзување и обликот и формата на датотеките кои ќе бидат предмет на размена.
Бидејќи законските и подзаконските акти се стапени во сила, приредувачите на посебните игри на среќа кои не обезбедиле поврзување на НИС-от со информацискиот систем на Управата за јавни приходи, истото треба да го сторат веднаш и до УЈП да достават: Корисничко упатство на софтверот/ите во НИС и Техничка документација на НИС во писмена форма до Управата за јавни приходи.
После потпишувањето на Протоколот од страна на приредувачот и доставувањето на Техничката документација за НИС-от, УЈП ќе му додели посебни IP-адреси за пристап на секој приредувач.

Казни за необезбедување на НИС

За придувачот на посебни игри на среќа кој нема обезбедено НИС, законот предвидува високи казни и тоа: глоби во износ од 5000 евра за правното лице и 2000 евра за одговорно лице на правното лице и забрана за вршење на дејност од 30 работни дена во деловната просторија каде ќе се констатира неправилност, а на одговорното лице во правното лице покрај глобата ќе му се изрече и забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од една до три години.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија