Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
25.01.2013
Месечни ДДВ обврзници – Поднесување на електронски ДДВ-пријави до 23.59 часот

Денес /25.01.2013/ истекува рокот за поднесување на ДДВ-пријавите до УЈП, со кој и официјално отпочна да се применува новата законска обврска за месечните ДДВ обврзници за задолжително пријавување на ДДВ по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/, која стапи на сила од 1 јануари 2013 година.

Според последната евиденција на УЈП, од вкупно 4594 месечни ДДВ обврзници, само 186 фирми се немаат регистрирано за користење на е-Даноци. Користејќи ги бенефитите од електронската комуникација, фирмите кои сеуште не се усогласиле и кои не поднеле ДДВ пријава до УЈП, истото ќе можат да го сторат во текот на денешниот ден најдоцна до 23.59 часот, со што ќе се смета дека ја исполниле својата законска обврска во пропишаниот рок.

Како со воведувањето на секоја новина во даночното работење, праксата покажува дека фирмите секогаш ги чекаат последните рокови. И покрај активната кампања на УЈП за информирање и обука на фирмите и сметководствените бироа, која се спроведе во периодот октомври-декември 2012 година, поголемиот дел од обврзниците електронските ДДВ-пријави ги доставија до УЈП во последните 3 дена.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија