Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
24.01.2013
Прием на 36 нови субјекти во групата на големи даночни обврзници

Од 1 јануари 2013 година, во надлежност на Дирекцијата за големи даночни обврзници преминаа уште 36 даночни обврзници. Имено, според категоризацијата на даночните обврзници (мали, средни и големи) и според барањата и потребите на бизнисите, работата на дирекциите на УЈП е специјализирана и тоа: пет Регионалните дирекции за работа со мали и средни бизниси и една Дирекција за големи даночни обврзници за работа со големите фирми. Исполнувањето на повеќе критериуми, меѓу кои придонес и зголемено учество во буџетските приходи, износ на платен данок, добри финансиски показатели во работењето во 2012 година се причините 36 субјекти кои досега имале даночен третман на средни бизниси, да преминат во Дирекцијата за големи даночни обврзници.

Согласно политиките за ефикасно администрирање на даночните обврзници, УЈП преку Дирекцијата за големи даночни обврзници има воспоставено посебен ситем на работа, кој е усогласен со спецификите, но и потребите на големите обврзници за поинаков тип на даночни услуги, кои произлегуваат од нивниот економски потенцијал и учество на пазарот.
По повод приемот на новите даночни обврзници, на 23 јануари 2013 година, Дирекцијата за големи даночни обврзници организираше средба на која беа презентирани предностите и предизвиците на УЈП и големите даночни обврзници, што претставува основен предуслов за успешна соработка.
Со ова проширување на листата, Дирекцијата од 1 јануари 2013 година, администрира вкупно 299 големи даночни обврзници во Република Македонија.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија