Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
18.01.2013
Демант - „Фокус“ (текст:„Ставревски ми се закани во Собранието!“)

Паушалните изјави изнесени во интервјуто на пратеникот Самка Ибраимовски (Фокус, стр.27, 11 јануари 2013 година), во ниту еден момент не се засноваат на факти и аргументи и не само што укажуваат на крајно непознавање на работата на даночните служби, туку и обид за лична промоција и за добивање на ситни политички поени на штета на угледот на УЈП.
Секој даночен обврзник пред да му биде вршен инспекциски надзор е информиран дека УЈП ќе го посети. Оттука, инспекцискиот надзор во фирмата на пратеникот е почната многу порано од политичките случувања во Собранието, односно во март 2012 година.
Некој ако е пратеник, има фирми и е даночен обврзник, не значи дека е амнестиран од плаќање на даноци и инспекциски надзор. Напротив, оној кој учествува во законодавната власт треба да биде пример и прв кој треба да ги почитува законите.
Дали фирмите на пратеникот и неговото семејство работат исправно или не, можеби за овој пратеник не е важно, но важно е за УЈП, бидејќи „секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон“. Блокирање на сметка и постапка на присилна наплата УЈП спроведува само во случаи кога некој не го платил данокот и има даночни долгови кои доброволно не ги намирил, а тоа е во случајот со фирмата на пратеникот.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија