Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
28.12.2012
Адвокати – Kористете адвокатски маркички од 1 јануари 2013

Од 1 јануари 2013 година, адвокатите кои остваруваат приходи во готово должни се кон секоја исправа или поднесок да приложат адвокатски маркички.

Адвокатската маркичка е инструмент за аконтативно плаќање на персоналниот данок на доход за оние приходи кои адвокатите ги остваруваат во готово во случаите кога наградата за дадената правна помош гласи на минималните износи утврдени со Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите објавена во „Службен весник на РМ“.

При плаќање на наградата над минималните износи утврдени со тарифата, зголемување на наградата како и при плаќање на трошоците согласно со тарифата, адвокатите се должни да состават писмен договор со корисникот на правната помош врз основа на кој плаќањето е задолжително да се врши преку носител на платен промет. Адвокатот е должен писмениот договор да го приложи како прилог кон секоја исправа или поднесок на кој не е ставена адвокатска маркичка, доколку плаќањето на наградата е над минималните износи предвидени со тарифата, односно каде што плаќањето се врши преку носител на платен промет.

Исправата или поднесокот составен од адвокат кој не содржи адвокатска маркичка, содржи адвокатска маркичка во помал износ од оној што е определен со тарифата или не содржи писмен договор во прилог, се сметаат за неуредни и треба да бидат отфрлени од страна на примателот.

Неупотребените адвокатски маркички адвокатот може да ги искористи во наредните даночни периоди.

Адвокати кои користат ослободување од персоналниот данок на доход
За адвокатите кои користат ослободување од персоналниот данок на доход во времетраење од 3 години согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, во примена ќе бидат Адвокатски маркички ослободување.

Издавање на адвокатски маркички
Адвокатските маркички се издаваат врз основа на Пријава за адвокатски маркички (образец “П-АМ”), која се поднесува во период од 1 до 15 во првиот месец од календарското тримесечје за наредното тримесечје до Управата за јавни приходи. Пријавата може да се преземе од веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/134
Подигањето на адвокатските маркички се врши со Барање за издавање на адвокатски маркички (образец “Б-АМ”), кое се поднесува во период од 1 до 15 во првиот месец од календарското тримесечје за пријавените количини до Управата за јавни приходи. Барањето може да се преземе од веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/135
Со Барањето, адвокатот доставува и доказ за извршена уплата на аконтација на персоналниот данок на доход во износ од 10% од вредноста на бараните адвокатски маркички, како и доказ за платените трошоци за печатење, издавање, транспорт и чување на адвокатски маркички.
Адвокатите кои употребуваат адвокатски маркички ослободување при подигање на истите имаат обврска да достават само доказ за платени трошоци за печатење, издавање, транспорт и чување на адвокатски маркички.

Плаќање на аконтација на персоналниот данок на доход
Аконтациите на персоналниот данок на доход, адвокатите потребно е да ги уплатат на уплатна сметка: 840–XXX-01471 и приходна шифра 711 118.

Плаќање на надоместокот за трошоци за печатење, издавање, транспорт и чување на адвокатски маркички
Надоместокот за трошоци за печатење, издавање, транспорт и чување на адвокатски маркички изнесува три (3) денари по маркичка и истиот потребно е да се уплати на налог ПП50 во корист на Министерството за финансии - Управа за јавни приходи, депонент НБРМ, на сметка на корисник: 090051567963113, приходна шифра 725 939 и програма 20.

Водење евиденција за употребени адвокатски маркички
Адвокатот е должен да води „Евиденција за употребени адвокатски маркички“ и најдоцна до 31 јануари во текот на годината за претходната календарска година да ја достави до Управата за јавни приходи, на образец “Е-АМ”, кој може да се преземе од веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/136

Престанок на вршење на адвокатска дејност
Адвокатот кој престанал со вршење на дејност, како и адвокатот кој користи ослободување од персоналниот данок на доход, по истекот на периодот во кој го користел ослободувањето, има обврска да ги врати неупотребените адвокатски маркички во Управата за јавни приходи при што се изготвува записник.
При изготвување на записникот, адвокатот доставува и Евиденција за употребените адвокатски маркички.
 

Со денот на започнување на примената на Законот за адвокатски маркички, за адвокатите запишани во именикот на адвокатите што се води во Адвокатската комора на Р. Македонија, престанува обврската од Законот за регистрирање на готовинските плаќања, за воведување и користење на одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително издавање на фискална сметка за дадената правна помош.
За постапување спротивно на одредбите од Законот за адвокатски маркички предвидени се глоби во износ од 2.500 до 5.000 евра во денарска противредност.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија