1075 месечни ДДВ обврзници имаат уште три работни дена да се прилагодат за електронското пријавување на ДДВ и данок на добивка. Од 1 Јануари 2013 година, оваа категорија на ДДВ обврзници, наместо во хартиена форма, ДДВ пријавите и даночни биланси за данокот на добивка ќе треба задолжително да ги доставуваат по електронски пат, преку интернет сервисот на УЈП е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/
Доколку во наредните денови, даночните обврзници и сметководствените бироа, не се прилагодат на новините во даночното работење, нема да бидат во состојба да поднесат даночни пријави и да пријават данок во УЈП. За неподнесување, односно ненавременото поднесување на даночна пријава, законот предвидува глоба која достигнува до 3500 евра во денарска противвредност.
Условите кои фирмите и сметководителите треба да ги исполнат за успешна регистрација и користење на системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/ е да поседуваат Интернет, е-Пошта и Дигитален сертификат на USB токен издаден од некоја од овластените куќи: Македонски Телеком или КИБС.
За повеќе информации контактирајте не преку Инфо центарот на УЈП на 0800 33 000.
Корисни информации: Информативен проспект од 05.10.2012 година.