Скопје – Даночната академија на Управата за јавни приходи во соработка со меѓународната организација за развој „Crown Agents“, на 29ти и 30ти Ноември 2012 година одржа меѓународна работилница на тема „Глобални трендови во оданочувањето на градежната индустрија“. Работилницата вклучи претставници од 7 регионални даночни администрации и претставници од релевантни меѓународни организации од областа на даноците: Меѓународниот монетарен фонд (IMF), Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA), EU DG TAXUD, даночната администрација на Велика Британија „Her Majesty’s Revenue and Customs“ и Crown Agents.
На дводневната работилница, презентации одржаа ММФ, ИОТА, ЕУ, УЈП, и даночните администрации на Словенија и Велика Британија. Исто така, беа обработени и две студии на случај, подготвени од Управата за јавни приходи, со цел потикнување дискусија и размена на искуства во борбата со даночните измами во градежната индустрија. На крајот на работилницата предвидена е панел дискусија и препораки за ММФ, ИОТА, ЕУ и регионалните даночни администрации во нивното настојување да продолжат и да ги подржат земјите во иднина да ја максимизираат наплатата на даноците од градежната индустрија.