Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
19.11.2012
Даночна Академија – TAIEX работилница „Размена на електронски фактури и е-Фактури за ДДВ цели“

Скопје - На 15 и 16 ноември во х.Карпош се одржа дводневна работилница на тема „Размена на електронски фактури и е-Фактури за ДДВ цели“ организирана во соработка со Инструментот за техничка помош и размена на информации TAIEX.
На овој настан присуствуваат експертите од TAIEX: Mark Crawford и Kevin Thornton од администрацијата за царина и даноци на Велика Британија (HMRC), и Patrick Frijns од даночната администрација на Холандија. На првиот ден од дводневната работилница се презентираа моменталните состојби во однос на размената на електронски фактури и е-Фактури за ДДВ цели, и како oвој процес е законски регулиран. Исто така, беа разгледувани методите за издавање и примање на електронски фактури.
 

 
На вториот ден, се презентираше начинот на кој податоците во електронските фактури се архивираат и задржуваат. Потоа, учесниците работеа во групи: во првата сесија за тоа до каде се во моментот во делот на ДДВ фактурирањето, додека во втората сесија за тоа каде би сакале да бидат.
На крајот од оваа работилница беа презентирани и стандардите за размена на електронски фактури помеѓу земјите членки на ЕУ.

 

е-пошта: danochnaakademija@ujp.gov.mk
ОБУКА ЗА УСПЕХ!

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија