Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
06.11.2012
Фискална едукација на млади - Реализирани 900 обуки во средните училишта

Даноците се лесно четиво, доколку го научиш!
Преку проектот „Фискална едукација на младите“, средношколците и студентите веќе трета година по ред имаат можност да добијат појасна слика за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците.
Проектот го спроведуваме во рамките на образовниот систем како најповикан и најсоодветен сегмент на општеството за едукација и воспитување на младите.

Проектот „Фискална едукација на младите” го отпочнавме со цел:
- Подигнување на даночната култура
- Зголемување на свеста и знаењето на младите
- Подобрување на даночната навика кај граѓаните
- Стекнување на основно знаење на младите за даночниот систем на РМ
- Стекнување на стручно знаење на учениците од средните економски училишта
- Усовршување на стручното знаење на студентите
Спроведувањето на обуките започна во Ноември 2010 година, по добиената согласност од Министерството за образование и наука - Биро за развој на образованието.

Крушево,СУ„ Наум Наумовски - Борче“


Даночна едукација и практични искуства

Даночната едукација треба да влијае не само врз зголемување на информираноста на младите за потребата од плаќање на даноците, туку и за нивно запознавање со основните права и граѓански должности кои ги имаат како даночни обврзници.
Преку организирани предавања во средните училишта, учениците имаат можност да се стекнат со основни и стручни знаења за тоа:
- Какви видови даноци постојат
- Зошто УЈП ги собира даноците
- Каква е користа од плаќањето на данокот за сите нас
- На кој начин и каде се плаќа данокот

Тетово, ДСЕУ „ 8-ми Септември“

Преку обуките во Даночната академија и посета на канцелариите на Управата за јавни приходи, студентите директно се запознаваат со:
- Даночниот систем и видовите на даноци во Република Македонија
- Начинот на утврдување и наплата на данокот
- Начинот на организација и одделните функции на Управата за јавни приходи
- Видови на надворешна контрола за кои е надлежна Управата за јавни приходи
- Начинот на соработка на Управата за јавни приходи со меѓународните организации и институции


Реализирани 900 обуки во средните училишта

Од почетокот на 2010 година, односно во двете учебни години во кои се спроведува проектот „Фискална едукција на младите“, Управата за јавни приходи одржа над 900 обуки во средните училишта и факултетите низ Македонија и тоа:

  • За учебната 2010/2011 година - над 500 обуки во повеќе од 100 средни училишта и факултети и
  • За учебната 2011/2012 година - над 400 обуки во повеќе од 80 средни училишта и факултети

Во пракса даночната едукација на младите од страна на Управата за јавни приходи е со висок степен на реализација, односно 97% од планираните активности. Во спроведувањето на обуките учествуваа 43 даночни експерти.
Распоредот за реализација на обуките е дизајниран во согласност со потребите и условите во средните училишта и факултетите низ Македонија, се со цел да не се наруши редовната наставно-образовна програма.


Позитивни реакции кај младите и наставниот кадар

Практичнoто искуство покажува дека во средните училишта забележан е напредок во смисла на зголемен интерес на учениците за содржината на темите кои се обработуваат во едукативната програма.
Општ впечаток на обучувачите и наставниот кадар е дека учениците имаат потреба од ваков вид знаење, постои интерес кај младите и дека проектот треба да продолжи и во наредните години.
Развојот на еден ваков Проект е континуиран процес и затоа повратните информации и иницијативи, кои претставуваат непроценлив извор на информации и идеи за подобрување на квалитетот на едукација на младите, се секогаш добредојдени.

Берово, ДСУ„ Ацо Русевски“
 

Тел: 02/3299 655; 076/446 473
е-Пошта: danochnaakademija@ujp.gov.mk
ОБУКА ЗА УСПЕХ!

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија