Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
19.10.2012
Даночна академија – Експертска мисија „Присилна наплата на долгови настанати во други ЕУ држави“

Скопје - Во соработка со Инструментот за техничка помош и размена на информации – TAIEX, во периодот од 17 до 19 октомври 2012 година во Контакт центарот на УЈП, се одржа Експертска мисија на тема „Присилна наплата на долгови настанати во други ЕУ држави“. Во мисијата, учествуваа даночните службеници кои работат во областа на присилна наплата, утврдување и наплата на даноци и правните работи во Управата, како и Барбара Васле - експерт од Словенија и предавач на TAIEX.
На првиот ден, теми на разгледување беа организационата поставеност и надлежностите на Секторот за присилна наплата на УЈП, како и Директивата на Советот на европската унија за взаемна помош во наплатата на приходи поврзани со одредени стапки, царина, даноци и други мерки.

Во текот на следните два дена од Експертската мисија се работеше на формулирање на предлог одредби за присилна наплата за Законот за даночна постапка, за спроведување на барањата од страна на странска држава барател. На крајот од мисијата се специфицираа идните активности за финализирање и имплементација на предложените законски одредби.
 

е-пошта: danochnaakademija@ujp.gov.mk
ОБУКА ЗА УСПЕХ!

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија