Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
12.06.2012
Даночна академија - Одржана обука „Регистрација на даночни обврзници, утврдување и пресметување на данок и контрола“

Скопје – Од 7 до 8 јуни 2012 година, во рамките на Годишната програма на Даночната академија, се одржа обука за „Регистрација на даночни обврзници, утврдување и пресметување на данок и контрола“, на која учесници беа 15 вработени од Министерство за финансии - Сектор за второстепена управна постапка, управни и други судски спорови.

Присутните има можност во Контакт центарот на УЈП, каде се одржа обуката, подетално да се запознаат со следните теми: утврдување и пресметување на годишен персонален данок на доход; утврдување на аконтација на персонален данок на доход со решение; регистрација на земјоделците и утврдување и пресметување на персонален данок на доход од вршење земјоделска дејност; контроли на персонален данок; задолжителна регистрација за ДДВ од страна на даночните обврзници и по службена должност, прекин на регистрација, промена на даночен период; контроли на ДДВ, особено поврат на ДДВ; и данок по задршка.

Конкретните теми беа презентирани од предавачи/вработени од УЈП, и тоа: Марина Трајковска и Деса Анастасова (Генерален даночен инспекторат); Јасмина Ташовска, Севдие Исмаили и Виолета Ставрова (Сектор за услуги на даночни обврзници и даноци); Јасмина Божиновска – Груевска и Катерина Митевска (Секторот за утврдување и наплата на данок).

На крајот од овие обуки двете страни искажаа задоволство од развиената дискусија на наведените теми, како и од одржување на самата обука.
 

е-пошта: danochnaakademija@ujp.gov.mk
ОБУКА ЗА УСПЕХ!

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија