Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
08.06.2012
„Детонатор“ - 20 вработени вратени на работа

Претходно информиравме дека во функција на спроведување постапка на утврдување на директна или индиректна одговорност, и евентуална инволвираност на даночни службеници во случајот „Детонатор“, на 11.05.2012 година 24 вработени во регионалните дирекции на УЈП во Штип, Битола и Тетово беа суспендирани од работа.

По спроведената постапка водена од Единицата за професионални стандарди, а во врска со утврдување на фактите и доказите за евентуалната инволвираност на даночните службеници, е одлучено 20 вработени да бидат вратени на работа и тоа: 11 даночни контролори (Штип, Битола и Тетово) , 2 инспектори (Битола и Тетово), 2 самостојни даночни советници (Штип и Прилеп), 3 координатори на даночни одделенија (Куманово, Охрид и Кичево), и 2 шефови на даночни шалтери (Кочани и Демир Хисар). Овие вработени продолжуваат со вршење на службените должности во даночната администрација, согласно кадровската политика на УЈП и нивните компетенции.

Неселективната борба против сивата економија, криминал и прекршувањето на законите, ги опфаќа и редовите на Управата за јавни приходи. Секој даночен службеник не само што треба да ги штити интересите на државата, туку и угледот на институцијата земајќи ја предвид специфичната општествената улога – наплата на даноци. Оттука, сакаме да потврдиме дека за 4 даночни службеници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Тетово суспензијата се уште трае поради траење на постапка за утврдување на нивната евентуална одговорност во случајот „Детонатор“.
Во зависност од исходот на постапките, кои Единицата за професионални стандарди ги води за овие 4 вработени, зависи дали истите ќе бидат трајно отстранети од работа, ќе бидат вратени на работа или ќе бидат преземени дисциплински или други мерки.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија