Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
08.06.2012
Недозволиво е да се напаѓаат инспектори на УЈП

Во врска со последните случувања и најавените протести во Прилеп, ставот на Управата за јавни приходи не може да биде поинаков од она што е пропишано во даночните закони.

„Чесно и поштено заработениот леб“ е од платени даноци, како и во секоја нормална држава. Физички напад и навреди кон вработени во УЈП...се неоправдани, недозволиви и нецивилизирани.

Секој даночен обврзник има права и обврски, и истите треба да ги решава институционално. За жал во конкретниот случај тоа не е направено, туку службените лице на УЈП во два наврати се нападнати од страна на ист даночен обврзник во Прилеп со цел спречување на вршење на службените должности и контрола на финансиското работење.

Доколку даночен обврзник или група граѓани има поплаки и барања до УЈП, истите ќе бидат сослушани и одговорени согласно законите.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија