Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
04.05.2012
Долговите за радиодифузна такса присилно ќе се наплатуваат

Ги повикуваме правните лица и граѓаните кои имаат неплатен долг на радиодифузна такса, истото да го сторат во најкус можен рок, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне со постапка за присилна наплата на заостанатите долгови на обврзниците на радиодифузна такса.

Дополнителна причина за уплата на заостанатите обврски е што спроведувањето на постапката за присилна наплата повлекува и дополнителни трошоци кои паѓаат на товар на обврзникот. Доколку во наведениот рок, правните лица и граѓаните не извршат уплата, вкупниот долг ќе се зголеми за еднократна посебна такса за присилна наплата во висина од 5% согласно член 131 став 2 од Законот за даночната постапка.

Обврзникот може да изврши плаќање на радиодифузната такса на неколку начини:

  1. со траен налог - кај носителот на платниот промет/банката;
  2. со пополнување на образец ПП10 - налог за готовинско плаќање или на образец ПП30 - налог за безготовинско плаќање (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/781 тука); и
  3. во продажните мрежи на TOBACCO, Together и 24/7 низ Македонија.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија