Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
20.04.2012
Било какви етикетирања и квалификации нема да ја спречат Управата

Последните контроли на УЈП уште еднаш покажаа дека не ретки се обидите за политички етикетирања и квалификации на работата на Управата за јавни приходи во контекст на локални препукување и нечии бизнис интереси.
 

Пораката која сакаме да ја испратиме до испраќачот на писмото кое пристигна до УЈП (види слика лево), но и на сите оние кои на ваков или сличен начин размислуваат да извршат влијание и притисок на Управата е дека секој недисциплиниран даночен обврзник ќе ги сноси законските последиците и тоа ниту повеќе, ниту помалку.

Обидите за нарушување на интегритетот и угледот на даночната администрација од “локалните кујни“, како и фактот дека некој доаѓа од редовите на државната администрација, има некаква “значајна позиција“ во своето маало или е во комшиска, пријателска, роднинска...врска со “локален моќник“, ниту е основ, ниту пак ќе влијае врз текот и одлучувањето за даночните постапки за кои е надлежна и ги води Управата.
Така на пример, ако некоја агенција за осигурување во Демир Хисар е затворена затоа што нема евидентирано никаков промет, не поседува фискален апарат, не плаќа данок за деловниот простор во кој ја врши дејноста... ниту нивни роднини, ниту вработени во МВР...немаат надлежност да оценуваат за основаноста или неоснованоста на даночните казни, а најмалку да “помогнат“ за поништување на казните.

Во оваа насока, потсетуваме дека даночните обврзници треба да комуницираат со Управата за јавни приходи на начин кој е во согласност со нивните законски права и обврски.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија