Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
12.04.2012
На патот на нелегалниот бизнис и во Прилепско и Струшко

Управата за јавни приходи во изминатите три дена откри нови 21 случаи на нелегално работење во делот на игрите на среќа и фискализацијата, од кои кај дел активностите беа спроведени заеднички со МВР.

Поради приредување на игри на среќа кои се забранети во Македонија и нелиценцирано вршење дејност во Охрид, с.Радолишта (струшко), с.Обршани и с.Дебреште (прилепско), УЈП одзеде 7 покер апарати и затвори 4 објекти.

Во заедничката акција со службите на МВР, вчера вечерта одземени се и 44 апарати и опрема за игри на среќа од 5 објекти во с.Лабуништа, с. Вевчани, с.Велешта и Струга.

Исто така, даночните инспектори утврдија угостителски објекти кои работеле на “диво“ и го криеле прометот од даночниците и тоа 2 во Прилеп и 1 во Струга. Поради непоседување на фискален апарат или неиздавање на фискални сметки, покрај овие три, изречена им е парична казна и затворени се уште 8 објекти.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија