Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
09.04.2012
Откриено диво казино и во валандовско

УЈП откри уште еден случај на нелегално приредување на игри на среќа. Сместено во просториите на бивша конфекција во с.Марвинци Валандовско, даночните контролори го открија дивото казино изминатата седмица, по што е извршена заплена на целокупната опрема (рулет маси, покер апарати, компјутери и друга опрема). На лице место затекнати се и работници на црно, за што се известени и надлежните институции.
И покрај неколкудневното криење на сопственикот по потекло од Валандово, целокупната постапка за овој случај е успешно завршена и против лицето е поднесена кривична пријава.

По најавата на кампањата на УЈП „Стоп на сивата економија, стоп на плаќањата под рака“, и затворањето на дивите казина во Кочани, Крива Паланка и последното во Валандовско, граѓаните се повеќе пријавуваат вакви случаи во УЈП.
Само во првите три месеци, граѓаните до УЈП доставиле 722 пријави за даночно затајување и 701 пријава за неиздавање на фискална сметка, што е 40 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2011 година.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија