Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
04.04.2012
Во фокус на мартовските обуки - Стечајни постапки и администрирање на мали и средни даночни обврзници

(Скопје, 02.03.2012) Работилница „Управата за јавни приходи во стечајни постапки, утврдување на побарувања и разлачно право“

На едновната работилница која се одржа во Контакт центарот на УЈП, 18 правници од Секторот за правни работи и одделенијата од регионалните дирекции на УЈП, ги разгледаа можностите и модалитетите за зголемување на ефикасноста при пријавување на побарување и право на одвоено намирување – разлачно право во стечајните постапки.
Преку работа во тимови и решавање на конкретни случаи, се донесоа заклучоци и деловна рамка врз основа на кои треба да се подобри даночната пракса поврзана со стечајните постапки во која како доверител се јавува Управата.
 

  
  
  
(Битола, 23-24.03.2012) Работилница „Деловни процеси при администрирање на мали и средни даночни обврзници“

Континуираното унапредување на деловните процеси за администрирање на мали и средни даночни обврзници се наметнува како неопходност, земајќи ги предвид каректиристиките, но и бројноста на оваа категорија на обврзници.
Поагајќи од искуствата на Регионална дирекција Скопје, која администрира 63.105 мали и средни обврзници, 25 вработени од стручните служби (утврдување и наплата, правни работи, присилна наплата и внатрешна ревизија) имаа можност да се запознаат со автоматизираниот систем за одлучување по правен лек по Годишните даночни пријави и за постапките на порамнување, понатаму преземените

мерки и активности за зголемување на ефикасноста при администрирање на персоналниот данок за самостојните вршители на дејност, како и даночната пракса во постапките на репрограм согласно постојната законска регулатива, процедурите за одобрување и анализа на ефектите.
Учесниците покрај стекнувањето на теоретските знаења, заеднички во тимови решаваа 5 специфични случаи, врз основа на што од работилницата произлегоа препораки и предлози за подобрување на деловните процеси при администрирање на мали и средни даночни обврзници.
 

е-пошта: danochnaakademija@ujp.gov.mk
ОБУКА ЗА УСПЕХ!

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија