Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
25.02.2012
Стоп на сивата економија, стоп за “плаќања под рака“!

Ако 94% од компаниите и граѓаните доброволно ги плаќаат даноците во Македонија, што со оние кои делуваат во сивата економија – што вршат “плаќања под рака“, без фискална сметка...?

Засилената кампања против оние кои имаат намера да се стекнат со неправична и незаконска “предност” во однос на лојалната конкуренција, Управата за јавни приходи ја најави на почетокот на февруари, а за неполн месец по овој основ затворени се над 300 објекти низ цела Македонија.

И последните даночни контроли покажаа дека сивата економија е најприсутна кај трговијата на мало и услужните дејности. Само во текот на вчерашниот ден, утврдено е дека 62 објекти “оперирале“ со пари во готово кои не ги регистрирале и не ги пријавувале за даночни цели. Најголем број на неправилности во работењето се утврдени во Кичево и тоа кај 18 даночни обврзници.

Податоците од терен покажуваат дека поголемиот дел од затворените објекти регистрираат од 50 до 60% од вистинскиот промет, а некои дури и ангажираат чувари кои треба да ја спречат даночната инспекција во вршењето на контролите. Исто така, регистрирани се случаи кога самите сопственици не овозможиле увид во финансиската документација или пак на веќе затворените објекти самоиницијативно ги отстраниле печатите и лентите на УЈП, што претставува кривично дело и за истите се поднесени кривични пријави.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија