Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
10.02.2012
До 29 февруари - Пријавување на данок на добивка и „годишен данок на вкупен приход“

Правни лица – Пријавете данок на добивка!

Доколку сте правно лице – резидент на РМ кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство, или сте постојана деловна единица на странско правно лице која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РM, имате обврска најдоцна до 29 февруари 2012 година да поднесете „Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи“ (образец ДБ).

Поедноставен даночен режим за мали и микро трговци

Ако сте мал или микро трговец кој извршува стопанска дејност (освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри) и ако во 2011 година, од кој било извор сте оствариле вкупен приход не поголем од 3.000.000 денари на годишно ниво, или пак сте оствариле вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари, а притоа сте се определиле за пресметување и плаќање на „годишен данок на вкупен приход“, имате обврска да поднесете „Даночен биланс на вкупен приход“ (образец ДБ-ВП).
За повеќе информации за пријавување, утврдување и плаќање на годишниот данок на вкупен приход, преземете ја брошурата на УЈП (кликни тука).

Обрасците “ДБ“ и “ДБ-ВП“ се изменети и објавени во „Службен весник на РМ“, бр.173/2011 од 15.12.2011 година и истите можат да се преземат од веб страницата на УЈП (кликни тука).

Напомена: Сите обрасци се поднесуваат во два идентични примероци.

Ненавременото или неподнесувањето на даночните пријави во законски предвидениот рок – до 29 февруари 2012 година година, се смета за прекршок за кој е предвидена глоба од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност, како и глоба од 500 до 1000 евра во денарска противредност на одговорното лице во правното лице.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија