Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
12.10.2011
Намалено ДДВ-то за хотелски услуги и за сурово масло

Со најновите измени и дополнувања на Законот за ДДВ („Службен весник на Р.М.“, бр.135, од 03.10. 2011 година), се врши намалување на ДДВ-то односно се воведува повластена стапка од 5% како даночна стимулација на бизнисите во сферата на градежништвото, хотелиерството и прехранбената индустрија.

  • Повластена ДДВ стапка за првиот промет на станови до 2015 година

Се продолжува рокот за примена на повластената даночна стапка од 5% за првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата.
Повластената даночна стапка ќе се применува до 31 декември 2015 година.

  • ДДВ од 5% за хотелските услуги

Наместо како досега 18%, за услугите на сместување (ноќевање) или сместување со појадок, полупансион или полн пансион, во сите видови на комерцијални угостителски објекти, даночните обврзници ќе плаќаат ДДВ од 5%.

  • Повластена даночна стапка за суровото масло

Со законските измени се воведува и повластена даночна стапка од 5% на увозот и прометот на суровото масло за производство на храна за човечка исхрана.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија