Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
03.10.2011
Бруто плата – Нова верзија на клиентски софтвер прилагодена за исплати кон лица волонтери и по судски пресуди/спогодби

Обврзниците кои исплаќаат плата, придонеси и персонален данок, почнувајќи со изготвувањето на пресметките на бруто-плата за месец Септември треба да ја користат новата верзија на клиентскиот софтвер од 30.09.2011 година. Клиентскиот софтвер може да се преземе од веб страницата на УЈП (кликни тука).

Со надоградбата на софтверот се овозможува да се поднесуваат МПИН-пресметки за исплати по основ на судски пресуди/спогодби (вид на обврска 109), како и за исплати на надоместоци кон лица-волонтери (вид на обврска 222).

Начинот на пополнување на МПИН образецот за вид на обврска 109 е иста како и до сега во случај кога се врши исплата на бруто-плата на вработен врз основа на судска пресуда/спогодба.

За надоместоците на лицата волонтери, во поле 3.31 - ефективна нето-плата, треба да се наведе износот на нето надоместокот кој им се исплатува на волонтерите за нивното работно ангажирање. Со поднесување на пресметките, работодавачот ќе добие налог ПП 53 за плаќање на придонесот за осигурување во случај на повреда на работа и исплата на надоместок (нето) за работно ангажирање на лицата волонтери.

За повеќе информации контактирајте го менаџерот за бруто-плата од соодветната дирекција на УЈП (кликни тука).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија