Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
28.09.2011
Демант - „СДСМ“ (Јавното обвинителство да го испита работењето на агенцијата за привремени вработувања “Проспект“)

Во врска со конференцијата за медиуми на СДСМ „Јавното обвинителство да го испита работењето на агенцијата за привремени вработувања Проспект“ (23.09.2011 година)
 

Не постојат “наши“ и “ваши“ фирми кога се во прашање даноците

Погубно за македонската економија, што определени “ексерти“ и општествени чинители, сеуште вршат етикетирања на бизносот од типот на “наши“ и “ваши“.
Управата за јавни приходи не се раководи од ваквата матрица, што не се совпаѓа ниту со здравата економска логика, ниту пак може да се применува кога се во прашање даноците.

Единствен и релевантен критериум по кој УЈП ги препознава фирмите во Македонија е ризичноста на нивното работење, а не местото или некаква поделба на “наши“ и “ваши“... Новиот систем на УЈП, граден со помош на меѓународни експерти, ја исклучува можноста за селективно постапување.

Ја информираме јавноста дека работењето на Агенцијата “Проспект“, за која СДСМ ја стави на “испит“ Управата за јавни приходи, од страна на даночните служби е контролирана на 5 наврати во периодот од 2006 до 2011 година, a за констатираните состојби кај даночниот обврзник, УЈП ги има преземено соодветните мерки.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија