Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
09.08.2011
Обуки - Како даночните инспектори да ги подобрат услугите на УЈП?

Скопје – Денес/9 август 2011/, се одржа првата од четирите планирани обуки на тема „Ефикасни комуникациски вештини за даночните инспектори и даночните извршители“, кои ќе се спроведуваат во рамките на Проектот “Поддршка на даночните реформи“, финансиран од Европската унија ИПА2007.

Поагајќи од фактот дека сеуште во јавноста преовладува перцепцијата за УЈП како репресивен орган, што се должи најмногу на природата на функциите како што се “даночниот инспекторат“ и “присилната наплата на даноците“, промените во пристапот и начинот на комуникација на инспекторите и извршителите со даночните обврзници се наметнува како потреба.


„Доколку УЈП обезбеди подобра комуникација ќе има и подобри резулати“ е основното мото под кое заеднички, во соработка со домашни и странски експерти, ќе работат 80 даночни инспектори и даночни извршители од сите регионални канцеларии на УЈП.

Главна цел и интерес на обуките е подобрувањето на вештините и техниките за комуникација на вработените кои треба да обезбедат доверба во нашата професионалност, ефикасност, транспарентност и услужна ориентираност, но и имплементирање на Програмата за континуирано учење и развој на оваа тема која во иднина треба да се спроведува самостојно од страна на обучувачи од УЈП.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија