Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
08.08.2011
Издавањето на викендици, соби, скутери...да се пријави во УЈП

Не делувајте во сивата зона!

Поради екот на летната сезона, ги потсетуваме граѓаните кои нудат туристички услуги за приватно сместување во езерските и планински центри во Македонија и издаваат во закуп или подзакуп простории за одмор и рекреација, викендици, соби, стан или деловен простор, земјиште, гаражи, опрема, превозни средства и други видови имот, дека приходите од издавање треба да ги пријавaт во Управата за јавни приходи.

Пријавувањето на приходите се врши во надлежната даночна канцеларија во местото каде се наоѓа имотот кој се издава, со поднесување на даночна пријава (образец “ПДД-АДП/ПИ“) во рок од 15 дена од денот на започнувањето на остварувањето на приходите.
За неподнесување на даночна пријава во пропишаниот рок, законот предвидува глоба за сторен прекршок од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.

При пресметување на персоналниот данок за овој вид на приходи, за граѓанинот се предвидени и даночни олеснувања, односно висината на трошоците за кои може да се намали неговиот остварен приход изнесува:

  • 25% од висината на приходот при издавање под закуп на неопремени станбени и деловни простории;
  • 30% од висината на приходот при издавање под закуп на опремени станбени и деловни простории; или
  • стварните трошоци - документирано докажани (по барање на обврзникот).

Сезонската работа да се регистрира

Граѓаните кои сезонски и повремено се занимаваат со продажба на гевреци, крофни, пуканки, пченка... на отворени простори, или пак, изнајмуваат детски реквизити од забавен карактер, педалинки, чамци, глисери, скутери, чадори, лежалки…доколку не се регистрирани како даночни обврзници, задолжително треба да ја пријават својата дејност во УЈП, односно да поднесат образец “УЈП-РДО/ВК“.


За повеќе информации во врска со пријавувањето на приходите и регистрирањето на дејност,
граѓаните може да се обратат во Инфо центарот на УЈП на 0800 33 000.

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија