Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
22.07.2011
Фискализација - Угостителите и Скопјани најголеми неплаќачи

Засилените даночни контроли на УЈП во делот на фискализацијата покажаа дека според дејноста угостителите и трговците на мало се оние кои најмногу се обидуваат да го заобиколат законот. На листата на оние кои се обидуваат да плаќаат помалку данок се и нотарите и стоматолозите, но не толку вешти се и некои даночни службеници во УЈП кои криејќи се зад семејните бизниси ја поттикнуваат сивата економија наместо да делуваат во нејзино намалување.

Во услови на намалена казнена политика, УЈП во текот на овој месец има спроведено 5 едукации за регистрирање на даночен обврзник, но има изречено и казни за 191 фирма, кои се движат од 200 евра за неиздавање на фискални сметки, 4000 евра за оние кои по втор пат направиле ист прекршок, до забрана за вршење на дејност од 30 дена.
 


Обидите на скопјани да плаќаат помалку данок преку неиздавање на фискални сметки и покрај постојаните апели во јавноста и едукацијата која на терен ја спроведува УЈП, резултираше 81 фирма да се соочаат со парични казни од вкупно 109.600 евра, што е само уште една потврда дека во Македонија не е веќе исплатливо да се работи незаконски.
Зад скопјани не заостануваат ниту охриѓани. Даночните контроли во Охрид покажаа дека во екот на туристичката сезона, сите 34 контролирани објекти направиле прекршок во делот на фискализација.

По претходно добиени анонимни пријави на линијата 198, Управата за јавни приходи има евидентирано и шест случаи во кои зад семејниот бизнис се криеле раководните лица на подрачните единици на УЈП во Пробиштип, Неготино и Охрид, односно даночен инспектор и даночен контролор во Тетово и даночен извршител во Кочани.

Во услови на максимална отвореност и услужна ориентираност на даночната администрација, недозволиво е поедини фирми и лица да ја нарушуваат фискалната дисциплина. Ова посебно се однесува за вработените во УЈП кои делуваат спротивно на интегритетот и кодексот на етика на даночните службеници, за кои се преземаат конкретни мерки од страна на Единицата за професионални стандарди на Управата.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија