Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
12.07.2011
Внимавајте на лица кои лажно се претставуваат дека се даночници!

Управата за јавни приходи регистрираше случај на лице кое на сопственото возило неовластено ги користи обележјата на Република Македонија и Управата за јавни приходи.
 

     


Укажуваме на граѓаните, а посебно даночните обврзници, да бидат вниматални со цел избегнување да бидат мета на “лажните даночници“, кои злоупотребувајќи ги надлежностите и обележјата на УЈП се обидуваат да извлечат материјална или друга корист за себе.


КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ?


Побарајте даночниот службеник да се идентификува!

Во комуникацијата со клиентите, посебно даночните обврзници, вработените во Управата за јавни приходи имаат обврска да се претстават користејќи Идентификациона картица, односно Службена легитимација и Беџ на кои јасно е наведено логото на УЈП, како и звањето на даночниот службеник.


Брендирани возила на УЈП!

Службените возила на УЈП кои се обележани имаат сива боја и аплицирано унифицирани ознаки, односно лого на институцијата и кратенка УЈП.

               

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија