Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
11.07.2011
За неплаќачите на радиодифузна такса, УЈП ќе отпочне присилна наплата

Управата за јавни приходи апелира обврзниците за радиодифузна такса кои не извршиле плаќање на јавната давачка во законскиот рок, истото да го сторат во најкусо време, бидејќи даночната администрација ќе отпочне со присилна наплата на нивните долгови.

Потсетуваме дека плаќањето на радиодифузната такса се врши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец (пр. радиодифузната такса за месец Јуни треба да се плати до 15-ти Јули), а во случај на задоцнето плаќање надвор од законскиот рок, се пресметува камата од 0,03% и тоа за секој ден задоцнување.

Со цел олеснување на плаќањето на радиодифузната такса, граѓаните и фирмите можат по сопствено изјаснување да извршат плаќање на радиодифузната такса за повеќе месеци, односно за цела календарска година или пак да вршат плаќање со траен налог за што треба да потпишат договор со носителот на платниот промет, односно банката.

За повеќе информации во врска со радиодифузната такса кликнете тука или обратете се во Инфо центарот на УЈП на 0800 33 000.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија