Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
11.07.2011
УЈП не крои судбини, туку наплаќа данок

Дволични се изјавите на “А1“ дека наводно бара доследно и неселективно почитување и спроведување на законите за сите и за секого, кога целокупната јавност во изминатиот период беше сведок токму на спротивното. Од почетокот на даночната постапка, даночниот обврзник во ниту еден момент не соработуваше и ја попречуваше работата на даночните власти, што е спротивно на Законот за даночна постапка.

Жал ни е што раководството на “А1“, кое е запознаено со точниот износ на даночните долгови, го доведува во заблуда уредувачкиот тим, новинарите на телевизијата и целокупната јавност, бидејќи на даночниот обврзник му се доставени сите даночни акти во кои е наведен износот на даночниот долг, за кои даноци должи, за кој период се однесува долгот ..., а на негова волја е транспарентно, јасно и јавно да ги објави, за што УЈП не се противи туку напротив претпочита да се објават.

УЈП не крои судбини, туку наплаќа данок. Мерките и активностите на даночната администрација исклучиво зависат од секој даночен обврзник, односно дали плаќа данок или не. Во пазарни услови, судбината на компанијата и одговорноста од работењето ја има раководството и начинот на кој тоа раководство управува, во конкретниот случај со “А1“.

УЈП не лицитирала со бројки, ниту има потреба да усогласува некакви ставови за износи на даночни долгови. Ставот на Управата за даночните долгови е јасен и истиот е содржан во даночните акти и даночните пријави на обврзникот, а со кои уште еднаш ќе потенцираме запознаено е раководството на даночниот обврзник.

Прашањето на затворање на “А1“ не е предмет на работа на Управата, бидејќи даночниците не се ниту сопственици, ниту пак управувале со “А1“.
Кога станува збор за даноци, желбите и очекувањата се едно, а сосема друго е почитувањето на законските обврски. На “А1“ како и на сите други даночни обврзници ќе и беше дозволено плаќање на долговите на рати, но за жал до Управата не се доставени потребните докази и гаранции за обезбедување на долгот што пак се услови за користење на ова право согласно член 111-б од Законот за даночна постапка, а за кои обврзникот е многу добро информиран.

Случајот “Перо Наков“ отвори многу прашања во македонското општество, посебно во новинарската фела. Во изминатите две седмици на адреса на УЈП пристигнаа барања и од страна на новинарите од “А1“ да се изврши наплата на неплатените придонеси и персонален данок од страна на работодавачот. Оттука ја поздравуваме заложбата на Здружанието и синдикатот на новинарите за целосно и неселективно спроведување на законите и создавање вистински амбиент за медиумска слобода во земјата, бидејќи УЈП тоа го прави и ќе го прави во иднина, a секако ќе делува и во насока заштита на правата на новинарите во рамките на своите надлежности.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија