Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
29.06.2011
Прва работилница на FISCALIS во Македонија - „Права и обврски на даночните обврзници и даночните администрации“


Скопје
– Од 29 јуни до 1 јули 2011 година во х. Александар Палас, за прв пат во Република Македонија се одржува работилница во рамките на програмата FISCALIS 2013, донесена од страна на Европската комисија - Генерален директорат за оданочување и царина (DG TAXUD).

На работилница учествуваат 45 претставници од 23 европски земји кои ќе го презентираат своето искуство на тема „Права и обврски на даночните обврзници и даночните администрации“, а се со цел подобрување на даночниот систем на внатрешниот пазар преку ефикасно управување и размена на информации помеѓу националните даночни власти, како и со даночните обврзници.

Обезбедувањето на информации на даночните обврзници во насока на подобрување на доброволното усогласување и исполнување на нивните обврски, понатаму начините и моделите на управување со податоците од даночните пријави и инспекцискиот надзор од страна на даночните администрации... се само дел од прашања на кои ќе работат даночниците во наредните три дена.

Еден од главните приоритети во полето на оданочувањето и креирањето на даночните политики во Европската Унија, а секако и во Република Македонија која претендира да се вклучи во европското семејство, е постојаното подобрување на административните процедури и практики во корист на администрациите и бизнис заедницата. Работилниците од ваков тип, финансирани и организирани од страна на Европската комисија, се еден чекор кон остварување на приоритетите.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија