Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
08.06.2011
Даночни поттикнувања кај добивката и придобивки за мали и микро бизниси

Со последните измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ“, бр.47/2011) се имплементираат неколку новини во делот на оданочувањето на фирмите со данокот на добивка, од кои позначајни се воведувањето на оданочување на помалку искажаните приходи, новиот начин на пресметување на амортизацијата на нематеријалните и на материјалните средства, даночното поттикнување по основ на трошоците за уплатените придонеси во доброволен пензиски фонд и на трошоци за репрезентација, како и поедноставување на оданочувањето на малите и микро бизниси – обврзници на годишен данок на вкупен приход.

Оданочување на помалку искажани приходи

Со законските измени, предмет на оданочување со данокот на добивка се непризнаените расходи кои се состојат од оданочиви расходи и помалку искажани приходи, понатаму расходите и помалку искажаните приходи од поврзани субјекти, како и распределената добивка.

Пресметување на амортизацијата на нематеријални и материјални средства

Согласно најновите измени евиденцијата за амортизацијата во делот на данокот на добивка, даночните обврзници ќе ја водат согласно Меѓународните сметководствени стандарди, што значи дека годишните амортизациони стапки утврдени со Номенклатурата на средствата за амортизација, фирмите ќе имаат право, но не и обврска да ги применуваат за целите на оданочување со данокот на добивка.
Со бришење на одредбите со кои се регулира начинот на водење на сметковотствената евиденција на амортизацијата на нематеријалните и на материјалните средства за даночни цели, се поедноставува постапката за пресметување на данокот на добивка, односно даночните обврзници нема повеќе да доставуваат „Барање согласност за признавање на расходите во даночниот биланс“ (образец ДД-01) до Управата за јавни приходи.

Нови даночни потикнувања

За разлика од претходно, фирмите ќе бидат ослободени од оданочување по основ на трошоците за уплатените придонеси во доброволен пензиски фонд кои не го надминуваат износот од четири просечни месечни бруто-плати на годишно ниво по вработен, согласно условите пропишани со закон.
Исто така, трошоците направени за репрезентација се ослободуваат од оданочување во висина до 10% од износот.

Поедноставување на оданочувањето на малите и микро бизниси

Се врши поедноставување на системот на оданочување за малите и микро бизниси, односно за трговските друштва кои подлежат на оданочување со годишен данок на вкупен приход се воведува систем на самооданочување. Новините се однесуваат на утврдувањето на данокот, кој за разлика од претходно, сега ќе го вршат самите даночни обврзници со поднесувањето на даночна пријава. Износот на данокот кој треба го платат нема да се утврдува со решение на Управата за јавни приходи, туку плаќањето ќе се врши најдоцна во рок од 30 дена по рокот за доставување на образецот врз основа на пријавениот износ на образецот “ДБ-ВП – годишен данок на вкупен приход“ чија содржина дополнително ќе биде усогласена со законските измени.

Малите и микро бизниси кои ги исполнуваат условите за влез/излез во поедноставениот даночен режим немаат повеќе обврска да доставуваат „Пријава за регистрација на трговско друштво за примена на годишен данок на вкупен приход“ (образец РДО-ВП). Тоа значи дека постапката за регистрација и дерегистрација на даночните обврзници за целите на оданочување со годишниот данок на вкупен приход ќе ја врши Управата за јавни приходи врз основа на податоците од Билансот на успех за последните три години и поднесениот ДБ-ВП.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија