Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
22.03.2011
НОВО - Право на враќање на персоналниот данок за членови на доброволен пензиски фонд

Граѓанинот кој е член на доброволен пензиски фонд и кој уплатил сопствени средства во пензискиот фонд кои се претходно оданочени со персонален данок, има право да бара враќање (поврат) на платениот персонален данок пресметан на износот на уплатениот придонес во доброволниот пензиски фонд.
Правото на враќање на данокот се однесува и во случаите кога друго физичко лице во име на членот на доброволен пензиски фонд уплатило средства на неговата индивидуална сметка, а истите претходно се оданочени со персонален данок.

Износот на кој се пресметува повратот за 2009 и за 2010 година не може да биде поголем од шест просечни нето-плати во Републиката, објавени за претходната година.

Правото на враќање на персонален данок, може да се оствари со поднесување на „Барање за поврат на персонален данок на индивидуална сметка“ (образец БПП-ИС/ДПФ) кое е бесплатно и може да се преземе од веб страницата на УЈП (кликни тука). 

Во прилог на барањето (образец БПП-ИС/ДПФ), задолжително треба да се достави и доказ за платениот персонален данок во Македонија, за износот кој се побарува за враќање.

Барањата се поднесуваат во тековната, за претходната година. Доколку граѓанинот сака да бара враќање на персоналнел данок за 2009 и за 2010 година, треба да поднесе барање со соодветни докази за секоја година одделно.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија