Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
18.03.2011
Демант - “А1“ (текст: „Фронтален напад врз А1“)

Во врска со прилогот на А1 „Фронтален напад врз А1“ објавен во вестите на А1 телевизија во 19.00 часот на 17.03.2011 година (новинар: Мишко Иванов), ги демантираме изнесените информации дека Управата за јавни приходи истапува со различни информации, како и реагираме на изнесување на делумни информации од страна на редакцијата на А1.

„Управата за јавни приходи стои зад сите информации кои ги изнесува и пласира во јавноста. Преку цитирање само на делови од нацрт-записници на УЈП, избрани од редакцијата на А1, се искривува сликата во јавноста за посочениот случај.

Ако се земе предвид дека токму од страна на раководството на А1 е побаран подолг временски период за темелно да го разгледаат нацрт-записникот кој содржи обемен материјал за нивното повеќегодишно работење и како би можеле да се произнесат по однос на наодите на даночните инспектори, се прашуваме како може јавноста објективно да биде информирана преку изнесување на половични и тенденциозно избрани делови од нацрт-записникот?“

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија