Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
11.03.2011
Самостојни вршители на дејност - Поднесете Годишен даночен биланс!

Остануваат уште неколку дена за поднесување на „Биланс на приходи и расходи“ и „Годишен даночен биланс“, кои до 15 март 2011 треба да ги достават:

  • Tрговци-поединци и
  • Физички лица кои остваруваат приходи од: стопанската дејност (фризери, бербери, златари, такси превозници...), давање професионални и други интелектуални услуги (нотари, адвокати, стоматолози...), занаетчиска дејност, земјоделска дејност и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи.

Билансот на приходи и расходи (образец "Б") и Годишен даночен биланс (образец "ПДД-ДБ") се бесплатни и може да ги преземете од интернет (кликни тука) или на шалтери во УЈП.

Покрај во даночните канцеларии низ Републиката, самостојните вршители на дејност обрасците можат да ги поднесат и во Контакт центарот во Скопје (ГТЦ 2-ри кат, над Кино Милениум) кој работи од 9 до 20 часот, секој ден освен недела.

Граѓанинот кој покрај приходите од вршење на самостојна дејност во 2010 година, остварил и други приходи, има обврска да поднесе и Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“) најдоцна до 15 март 2011 година.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија