Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
06.05.2007
Мобилните екипи на УЈП затворија 108 објекти, во 33 градови

Во текот на вчерашниот ден, 05.05.2007/сабота, Управата за јавни приходи спроведе засилен инспекциски надзор по основ на примена на Законот за регистрирање готовински плаќања кај даночните обврзници.

Контролите беа извршени во 33 градови, во рамките на кои беа опфатени и контролирани 150 субјекти. Резултатите од вчерашната надворешна контрола покажаа дека 108 субјекти не работат согласно ЗРГП, односно кај истите се констатирани неправилности при регистрирањето на готовинските плаќања (прометот), поради што УЈП им изрече мерка времена забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена, како и глоба во износ од 1500 евра во денарска противвредност.

Ваквиот тип контроли со зголемена мобилност на инспекторските служби, Управата за јавни приходи ги спроведува согласно новата стратегија и организација на надворешната контрола и истите се веќе прифатени како редовна и тековна активност на УЈП.

Воедно Ве известуваме дека контролите во делот на фискализацијата покрај утврдување дали даночните обврзници поседуваат и користат фискален апарат, односно издаваат фискални сметки, имаат за цел подобрување на даночната дисциплина и реално евидентирање на остварениот готовински прометот.

Анализите на УЈП, од надворешната контрола реализирана во месец февруар, март и април, говорат за нагорен тренд во реалното искажување на остварениот готовински промет, што пак директно влијае на зголемување на наплатата на данокот на додадена вредност и персоналниот данок на доход (во зависност дали станува збор за ДДВ обврзник или даночни обврзници кои не подлежат на одредбите од Законот за ДДВ).

 


 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија