Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
28.12.2010
Граѓани и вршители на дејност - Дали сте ги подмириле вашите обврски за персонален данок?

Ги информираме граѓаните доколку не извршиле плаќање на утврдените даночни обврски за персонален данок на доход за 2009 година (по основ на Годишна даночна пријава) и за 2010 година (по основ на Аконтативна даночна пријава), истото да го сторат во најкраток можен рок.

Укажувањето се однесува и за самостојните вршители на дејност (занаетчии, земјоделци, трговци поединци, адвокати, нотари и др.) кои не извршиле плаќање на персоналниот данок на доход по основ на даночните решенија, без разлика дали станува збор за обврзник кој го плаќа данокот според реален или паушално утврден приход.

За сите даночни обврзници кои не ги исполните даночните обврски во законски предвидениот рок, наведен во даночното решение, Управата за јавни приходи ќе отпочне со достава на опомени за неплатен даночен долг, односно ќе бидат отпочнати постапки за присилна наплата на данокот.

За сите информации во врска со пријавувањето и оданочувањето на одделните видови на приходи, граѓаните можат да се јават во Инфо центарот на УЈП на 0800 33 000 или да ги прегледаат даночните информации за персоналниот данок тука.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија