Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
23.12.2010
Од 1 јануари – Прагот за регистрација за целите на ДДВ зголемен на 2 милиони денари

Ги информираме даночните обврзници дека од 1 јануари 2011 година, ќе се применува новиот праг за регистрација за целите на ДДВ од 2.000.000 денари, наместо досегашниот од 1.300.000 денари (измените и дополнувањата на Законот за ДДВ се објавени во „Службен весник на Р.М.“, бр.102 од 29.07.2010 година).

Задолжителниот праг за регистрација за целите на ДДВ од 2.000.000 денари ќе важи за сите даночни обврзници кои во текот на 2011 година ќе остварат промет над 2.000.000 денари, почнувајќи со месец Јануари.

Пример: Ако даночниот обврзник заклучно со 31.01.2011 година остварил вкупен оданочив промет над 2 милиони денари, ќе има обврска да поднесе пријава “ДДВ-01“ најдоцна до 15.02.2011 година.



Нов образец “ДДВ-01“




Во функција на усогласување со законските измени, донесена е и нова Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-01”), која даночните обврзници треба да ја користат од 1 јануари 2011 година (кога ќе го остварат прагот за регистрација од 2.000.000 денари).

За да ја преземете Новата пријава “ДДВ-01“ кликнете тука или на сликата. 

* Формата и содржината на новата пријава “ДДВ-01“ за регистрација е пропишана со Правилникот за формата и содржината на пријавата за регистрација за данокот на додадена вредност (објавен во „Службен весник на РМ” бр.166/2010 на 22.12.2010 година).



Променет рокот за ДДВ регистрација за оние кои за прв пат отпочнуваат со дејност

За даночните обрзници кои за прв пат ќе отпочнат со вршење на стопанска дејност во текот на 2011 година, новиот рок за поднесување на пријавата е 15 дена од почетокот на вршењето на дејност, наместо како до сега 8 дена.

Пример: Ако даночниот обврзникот отпочнал со дејност на 10.01.2011 година, во тој случај доброволно, односно задолжително треба да поднесе пријава “ДДВ-01“ најдоцна до 25.01.2011 година.


НАПОМЕНА: За даночните обврзници кои заклучно со месец Декември 2010 година ќе остварат вкупен промет над 1.300.000 денари, важат постојните постапки за регистрација, односно должни се до 15 јануари 2011 година да ја поднесат Пријавата за регистрација за данокот на додадена вредност, постојниот образец “ДДВ-01“.


За повеќе информации контактирајте ја УЈП преку Инфо центарот на 0800 33 000.

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија