Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
15.12.2010
Самостојни вршители на дејност - Пријавете се за паушално плаќање на персоналниот данок до 31 декември

Граѓанинот кој обавува самостојна дејност (занаетчија, верско лице и др), а кој не е во состојба да води деловни книги или на кого водењето на деловните книги му го отежнува вршењето на дејноста, има право да поднесе Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход (образец “ПДД-П”) до Управата за јавни приходи и данокот на доход за 2011 година да го плаќа според паушално утврден нето приход.

Услов за паушално оданочување за самостојните вршители на дејност

За да се стекнете со право за паушално оданочување за 2011 година, покрај тоа што треба да поднесете Барање (“ПДД-П“) најдоцна до 31 декември 2010 година, треба задолжително да ги исполнувате и следните услови:

  • да не вршите трговска, угостителска и комисиона дејност (освен обврзникот кој врши трговска дејност исклучиво преку продажни места на организирани зелени пазари);
  • да не вработувате други лица;
  • во дејноста да не вложуваат и други лица; и
  • да остварувате нето годишен приход од вршење на дејност до две просечни годишни плати.

За да го преземете Барањето “ПДД-П“ кликнете тука.  

Доколку се исполнети сите услови, УЈП на самостојниот вршител на дејност му го утврдува паушалниот нето-приход на кој се пресметува персоналниот данок на доход, притоа имајќи ги во предвид:

  • местото каде што се наоѓа деловната просторија;
  • опременоста на деловната просторија;
  • пазарните услови во кои се врши дејноста;
  • површината на деловната просторија;
  • староста и способноста на обврзникот;
  • големината на нето-приходот на обврзникот, кој под исти или слични услови врши иста или слична дејност; и
  • други околности кои влијаат на остварувањето на добивката.

Промена на услови за паушално оданочување

Доколку во текот на 2011 година се изменил некој од условите за паушално оданочување, УЈП во наредната година, ќе ве задолжи да водите деловни книги.

Повеќе информации!

За повеќе информации во врска со плаќањето на данокот според паушално утврден нето приход, ви препорачуваме да ја преземете брошурата “Оданочување на приходи од вршење на самостојна дејност”.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија