Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
02.11.2010
По пријава за нелојална конкуренција – Затворени 5 објекти во Кочани

Кочани - Вчера/1 ноември 2010 година, во даночната контрола спроведена во квартот Стришани во Кочани утврдено е дека 5 малопродажни објекти не се регистрирани како даночни обврзници и работат на “диво“, додека дополнително 4 објекти не го регистрирале прометот и не издавале фискални сметки.
Контролите кај овие објекти, каде во сите случаи се констатирани неправилности во даночното работење, се спроведени по претходна пријава на група граѓани доставена до Управата за јавни приходи.

Најголем процент од нелојалната конкуренција која ја загрозува дејноста и нанесува голема штета на легалната економија е во сферата на малите и средните бизниси, како наведените примери во Кочани, што пак е резултат на обидите на некои граѓани да вршат препродажба на производи и тоа на тезги или во имповизирани простории кои не исполнуваат никави стандарди и не се евидентирани во Управата за јавни приходи.
На граѓаните кои вршат дејност, а притоа не се регистрирале и не ги пријавуваат приходите, УЈП им доделува даночен број, службено им го утврдува данокот кој треба да го платат и покрај тоа што не го сториле истото, а глобите се движат и до 500 евра во денарска противвредност.

Неправилностите во делот на даночното работење, граѓаните можат да ги пријават во УЈП на бесплатната телефонска линија 198.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија