Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
26.10.2010
Ризици на усогласеност и надворешна контрола во банкарскиот сектор


Во текот на месец октомври 2010 година, постојаниот советник на ММФ во Македонија, Џорџ Ајзалајн, ја организираше посетата на советникот од ММФ за надворешна контрола, Ричард Тид, со цел изготвување и организирање на работилница за исполнување на даночните обврски во банкарскиот сектор.

Работилницата беше наменета за Дирекцијата за големи даночни обврзници (ДГДО). Раководителот на Дирекцијата, Елена Петрова и помошникот генерален даночен инспектор, Славица Кироска, исто така, ги поддржаа овие активности преку избор на инспекторите организирани во следните тимови:
 

  • Тим А: Виолета Трајчевска и Ратко Апостоловски (ДГДО)
  • Тим Б: Ацо Димитровски (ДГДО) и Бети Јовановиќ (Регионална дирекција Скопје)
  • Тим В: Елизабета Хочевар-Јанковска (ДГДО) и Јадранка Лешкаровски (Регионална дирекција Скопје) и
  • Милан Алексовски - Специјалист за компјутерска надворешна контрола (ДГДО)

Работилницата овозможи едукација на даночните службеници од ДГДО за актуелните прашања кои се однесуваат на ризици на усогласеноста во банкарската дејност. Освен тоа, учесниците работеа и на утврдување на ризикот и на анализа пред надворешна контрола кај повеќе македонски банки. Тимовите, во следните два месеци, ќе организираат надворешна контрола кај шест банки, по што ќе следи сесија во јануари 2011 година на која ќе се презентираат остварените резултати.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија